АКО МЕЏИТИ ПОБЕДИ ВО ЧАИР, САЛИ ЌЕ БИДЕ ВИЦЕПРЕМИЕР Во Вреди паднал договор, поранешниот министер за здравство е најподготвен за таа функција

Меџити, во изјава за медиумите, нагласи дека во рамките на коалицијата Вреди се согласиле дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста.

1,496

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека доколку победи во трката за градоначалник на Општина Чаир, тогаш заменик-претседателот и поранешен министер, Беким Сали, ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер.

Меџити, во изјава за медиумите, нагласи дека во рамките на коалицијата Вреди се согласиле дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста.






Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Меџити ќе продолжи да ги исполнува своите должности и покрај најавената кандидатура за претстојните локални избори.

Поврзани содржини