Ако лимонот ви е сè уште кисел, тогаш немате корона!

Во едно британско истражување, научниците дошле до сознание дека најголемите разлики помеѓу вирусот и грипот е дисфункцијата на вкусот, односно губењето на сетилото за вкус, како и диспнеата, непријатното чувство на губење воздух во градите.

1,239

Летото заврши неодамна и пристигна есента, а за брзо време ќе дојде и студената зима. Како што ќе изминуваат месеците, така ќе постои сè поголема загриженост кај луѓето за тоа дали ќе можат да го разликуваат сезонскиот грип од ковид-19.

Здравствените експерти веќе подолго време ја предупредуваат јавноста на опасноста од спојување на сезонскиот грип со коронавирусот, бидејќи, како што велат, таквата состојба би создала дополнителен притисок врз здравството.






Еден од начините со кој би можело да се избегне едно такво сценарио е прецизното препознавање на двата клучни симптоми коишто го разликуваат ковид-10 од сезонскиот грип.

Во едно британско истражување, научниците дошле до сознание дека најголемите разлики помеѓу вирусот и грипот е дисфункцијата на вкусот, односно губењето на сетилото за вкус, како и диспнеата, непријатното чувство на губење воздух во градите.

Британските научници проучувале 417 пациенти со благи и умерени симптоми на болеста ковид-19, од кои 263 биле жени.

„Најчестите симптоми беа кашлање, болка во мускулите и губење на апетитот. Најчестите оториноларинголошки симптоми беа болка во лицето и опструкција на дишните патишта во носот“, се наведува во истражувањето.

Исто така, истражувањето открило дека 85.6 до 88 отсто од пациентите пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус.

И кај пациентите коишто имаат грип може да дојде до привремено губење на сетилото за мирис, но кај пациентите заразени со новиот коронавирус може да дојде до нагло и помоќно губење на сетилото за мириси тоа може да доведе до неможност на разликување на кисело од благо.

Поврзани содржини