АКО КУПУВАШ СТАН, МОРА ДА КУПИШ И ГАРАЖА Јакимовски воведе нови строги мерки за градежниците во Карпош
Овие мерки се во насока на подобрување на функционалноста на објектите што се градат, поголема заштита на сопствениците на земјиштето, поголема безбедност за објектите и за граѓаните кои живеат околу објектот кој се гради, како и обезбедување поквалитетна градба, ставање поквалитетни материјали, поубав изглед на новите објекти и поголема гаранција на квалитет која мора да им ја дадат изведувачите на идните станари, посочи Јакимовски.
Градончалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, го претстави, како што вели, третиот сет мерки за вразумување на градежниците и инвеститорите бидејќи „профитот не смее да биде поважен од безбедноста, квалитетот на живот и од интересот на граѓаните“.
Овие мерки се во насока на подобрување на функционалноста на објектите што се градат, поголема заштита на сопствениците на земјиштето, поголема безбедност за објектите и за граѓаните кои живеат околу објектот кој се гради, како и обезбедување поквалитетна градба, ставање поквалитетни материјали, поубав изглед на новите објекти и поголема гаранција на квалитет која мора да им ја дадат изведувачите на идните станари, посочи Јакимовски.
– Од денес во Карпош важат нови, обврзувачки правила: секој проект ќе добива одобрување од стручна комисија (архитекти + инженери), договорите меѓу инвеститор и сопственик – задолжително заверени од двајца адвокати, 3 години гаранција за покрив, прозорци, бањи и врати, забрана за градење во недела и за празници, за сета арматура – монтажа во еден ден или нема дозвола, гаражите мора да бидат над земја за безбеден пристап, банкарска гаранција од 15.000 евра за соседите и за инфраструктурата, градежен инспектор на самото место по секоја фаза, купувачите со обврзно адвокатско застапување, нема стан без гаража во договорот, ќе одбиваме дозволи и ќе затвораме градилишта ако не се почитуваат овие одредби и прекршителите ќе добијат забрана за градење во Карпош – рече Јакимовски на прес-конференција.
Одредбите од овој Правилник се однесуваат за градби А1, односно индивидуални објекти кои масовно се претвораат во колективно домување и за кои при изведбата имало огромни поплаки од страна на граѓаните бидејќи сѐ било подредено на изведувачите на објектите, а безбедноста мирот, спокојноста и сигурноста на станарите е целосно маргинализирана, појаснува градоначалникот на Карпош.
И покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, од општина Карпош информираа дека градежната компанија „Спектар Термо“, која работи на изградба на објект на улицата Драгутин Аврамовски Гуте бр.25 во Влае, и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето го посетил Јакимовски. На лице место била повикана и сообраќајна полиција, а по извршениот увид, донесена е одлука да се затвори градилиштето заради попречување на сообраќајот, несоодветно однесување на градежната компанија, уништување општински имот и загрозување на безбедноста на граѓаните.