АКО КУПИВТЕ ОГЛЕДАЛО ОД НАС, НЕ ГО КОРИСТЕТЕ Познатата ИКЕА предупредува дека држачите на еден модел се фалични
ИКЕА ги развива своите производи со ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ќе ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите на кои се продаваат. Ова, пак, доведе до неочекуван пад на огледалото, соопшти ИКЕА.
Неисправни ѕидни држачи биле причината поради која познатиот бренд ИКЕА го повлекува од производство своето огледало „LETTAN“. Компанијата ги предупреди потрошувачите да не го користат огледалото ако веќе го купиле. Како варијанта, ИКЕА им нуди можност на клиентите да нарачаат и да добијат бесплатни држачи.
„ИКЕА ги развива своите производи со ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ќе ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите на кои се продаваат. Ова, пак, доведе до неочекуван пад на огледалото“, соопшти ИКЕА.
Огледалата „LETTAN“ кои се засегнати од ова отповикување сега вклучуваат:
– сите огледала „LETTAN“ со печат на датум пред и вклучувајќи го 2105 (GGTT)
– „LETTAN“ огледала со број на продавач 21944 и печат на датум пред и вклучувајќи 2325 (GGTT)
Печатот на датумот и бројот на добавувачот може да се најдат на етикетата на задната страна на огледалото.