АКО ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ДОНБАС, ПУТИН БИ ГИ ЗЕЛ И ДЊЕПАР И… Зеленски ja отфрли можноста за територијални отстапки

Ако утре некако го напуштиме Донбас, што нема да се случи, ќе му отвориме на Путин незаштитен простор, близу град со милион ипол жители – Харков. Тој исто така би го зазел индустрискиот центар Дњепар. Тоа би му отворило можности, истакна украинскиот претседател.

382

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека територијални отстапки на Украина само ќе доведат до тоа рускиот претседател Владимир Путин да ги искористи освоените територии како отскочна даска за нови офанзиви.

– Некои медиуми тврдат дека ако украинските војници се повлечат од источните региони на нашата земја, мирот би се вратил. Тоа не е вистина. Путин изврши инвазија на Крим за да го искористи како отскочна даска и да го опколи југот на нашата земја. Тоа значи дека се подготвувал за уште една офанзива, рече Зеленски.






Според него, Русија извршила инвазија на еден дел од истокот на Украина во 2014 година за да го „искористи за целосна окупација на овие региони“, пренесува француски „Поен“.

– Ако утре некако го напуштиме Донбас, што нема да се случи, ќе му отвориме на Путин незаштитен простор, близу град со милион ипол жители – Харков. Тој исто така би го зазел индустрискиот центар Дњепар. Тоа би му отворило можности –  наведе Зеленски и додаде дека ако Путин успее да ја освои цела Украина, „би ја искористил на како отскочна даска на ист начин“.

Дали ќе го направи тоа или не, додаде украинскиот лидер, зависи од цврстината на Европа.

– Ако Европа е силна, веројатно нема ништо да преземе, но ако е слаба, ќе биде подложна на руските акции. Меѓу Москва и Париз има помалку од 3.000 километри. Денес, ракетите што Русија ги користи против Украина имаат дострел од 2.500 километри. Ние самите имаме ракети со дострел од 3.000 километри – нагласи Зеленски.

Тој додаде дека со овој технолошки развој повеќе нема војни на голема далечина.

– Верувајте ми, за две години Русите ќе имаат многу ракети, ќе ги имаме и ние, со дострел од 5.000 километри. Морето нема да заштити никого. Океанот нема да заштити никого. Ракетите еден ден ќе можат да имаат дострел дури и од 10.000 километри – заклучи Зеленски.

Поврзани содржини