АКО ИЗГУБИМЕ, ЌЕ ЈА ПРИФАТИМЕ ВОЛЈАТА НА ГЛАСАЧИТЕ По два часа чекање Вучиќ гласаше на Нов Белград
Ние секогаш ќе се однесуваме одговорно. Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на избирачите, ако победиме, никој нема да ни ја одземе победата и тоа е сè - рече тој.
Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ по гласањето во Нов Белград даде изјава во која рече дека ќе го прифати изборниот резултат без оглед на исходот.
Вучиќ дојде на гласање со сопругата Тамара, а поради големата редица на избирачкото место, чекал околу два часа. По гласањето
– Како што секогаш сум велел, на изборите можете да победите и да изгубите. Ние секогаш ќе се однесуваме одговорно, ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на избирачите, ако победиме, никој нема да ни ја одземе победата и тоа е сè – рече тој.
Вучиќ, кој е на власт 14 години, е носител на листата Обединета Србија на Српската напредна странка.
– Србија денес избира во која насока ќе оди, дали во иднината или во минатото, во времето на грабежните приватизации, економското разорување на земјата, политичкото понижување и на нацијата и на целата држава – рече Вучиќ.