„АКО ИМАЛО КРИМИНАЛ, ОДАМНА ЌЕ ЈА ОСУДЕА САЊА БОЖИНОВСКА“ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ за енергетски картели

Смешни се пресовите на Кузевска за картели и фавели, нека се сврти зад себе, таму ќе го најде наркокартелот од Муртино, до него е медицинската тендер мафија, а веднаш до нив Ковачевски и фотоволтаиците на сопругата и фабриката на кумот, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

490

Ако имаше криминал, одамна ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт, а не сега да измислуваат наводни афери читајќи пресови кои Филипче и Заев им ги диктираат од некоја плажа, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ ја обвини министерката за енергетика за „енергетски картел при јавни набавки“.

„Дали во СДС има некој нормален? Ваквите небулозни пресови на СДС се само одраз на нивната изгубеност. 7 години СДС ги користеше институциите за прогон. 7 години судеа кого ќе стигнат и како ќе стигнат. И сега најдоа да зборуваат за криминал. Па да имало било каков доказ за човек близок до ВМРО-ДПМНЕ тој одамна ќе бил во затвор. Смешни се пресовите на Кузевска за картели и фавели, нека се сврти зад себе, таму ќе го најде наркокартелот од Муртино, до него е медицинската тендер мафија, а веднаш до нив Ковачевски и фотоволтаиците на сопругата и фабриката на кумот“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека „нема поголем картел од криминалната банда која ја исцица Македонија 7 години и ја доведе до банкрот и ги сруши сите нејзини институции. Тоа е картелот на Заеви и нивниот пион, докторот за тендери Филипче.“

Кузеска денеска повикувајќи се на „еден релевантен медиум во земјава“ обвини дека фирмите во кои била Божиновска имале пријави од македонските институции за незаконско работење и малеврзации.

– Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни. Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел. Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И внимавајте, не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати! Ова е вморвска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец  – рече Кузеска и додаде дека за дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинска управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра.

Таа додаде дека СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото Министерство за енергетика.

 

Поврзани содржини