АКО ИМАЛО КАКВО БИЛО ДЕЛО, МИЦКОСКИ ДОСЕГА ЌЕ БИЛ УАПСЕН Поради немање докази случајот „Делчевски ниви“ бил повлечен од Обвинителството што го контролира СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ го повика обвинителот да се одважи и да излезе да одговори дали ова што го кажува СДСМ е точно, да каже каква е неговата инволвираност во случајот со следењето, дали презема нешто да го расчисти овој случај или, како што велат од партијата, ќе се крие и ќе продолжи да одработува за тие за кои работел цело време.
Ако Христијан Мицкоски е следен поради било што поврзано со кој било случај, самиот факт што не е уапсен е доказ дека сè што зборуваа од СДСМ е лага, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Им благодариме што открија дека и самите знаеле што е вистина дека Мицкоски нема никаква компромитација ниту бил дел од било што нечесно било кога. Уште еднаш, ви благодариме. И конечно, тоа што самите бараат изговори да оправдаат следење на опозицијата (откако веќе докажано знаеле дека нема никаков случај против него и е чист како солза) е само по себе доказ дека се инволвирани и дека нивни структури свесно го правеле ова – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат:
– Ако следеле заради Делчевски ниви, како СДС го знае тоа или си измислува сега изговори? Ако следеле за Делчевски ниви, а Мицкоски не е уапсен ниту дел од таа постапка, значи дека и покрај тоа што е следен, СДС знаел дека нема врска со тој случај, но сепак го користел како изговор да биде следен. Патем, тој случај самото Обвинителство под нивна контрола го повлече поради недостиг на докази и немање случај.
ВМРО-ДПМНЕ го повика обвинителот да се одважи и да излезе да одговори дали ова што го кажува СДСМ е точно, да каже каква е неговата инволвираност во случајот со следењето, дали презема нешто да го расчисти овој случај или, како што велат од партијата, ќе се крие и ќе продолжи да одработува за тие за кои работел цело време.
– И како ќе го оправда следењето на опозицијата? Го повикуваме обвинителот да одговори дали следењето на Мицкоски било зашто имало сомневање за криминал, каков криминал и со кои аргументи и докази имало такви индиции? Го повикуваме обвинителот да каже дали СДСМ се чесни, дали нивните функционери во минатата влада се чесни и зошто година и пол не покренува ниту еден случај против нив, и покрај купишта докази и допрени гласови од официјални органи и јавноста? Дали Обвинителството е заштитникот на СДСМ и на криминалот во земјата? – прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција праша дали Мицкоски се плаши од декласификација на документите на АНБ затоа што тие ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“.
– Во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување, како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција? – праша Кузевска.