АКО ИМА НОВА ВОЈНА, ИРАН ПЛАНИРА ДА ИСПАЛИ 2.000 РАКЕТИ Тел Авив и Техеран се на раб на конфликт, тврди „Њујорк тајмс“

Ако дојде до нов судир, Иран наводно планира да испали 2.000 ракети одеднаш, за да ја надмине израелската одбрана – четирипати повеќе отколку во јуни, се вели во статијата. Од друга страна, се тврди дека Израел смета дека работата не е завршена и дека нема причина да не продолжи со акциите.

334

Израел и Иран се на раб на нов воен судир, тврди американскиот весник „Њујорк тајмс“. Според статијата, фабриките за проектили во Иран работат непрекинато, а експертите предупредуваат дека следната офанзива може да биде масовна.

Меѓутоа, новиот извештај го доведува во прашање уверувањето дека дванаесетдневниот судир во јуни ја елиминирал заканата од иранската нуклеарна програма. Според регионални безбедносни извори, нападите на САД и Израел предизвикале далеку помала штета од очекуваното. Затоа, како што се тврди во написот, и двете држави се подготвуваат за можен нов круг на борби.






Иранските фабрики, според изворите, работат 24 часа на ден. Ако дојде до нов судир, Иран наводно планира да испали 2.000 ракети одеднаш, за да ја надмине израелската одбрана – четирипати повеќе отколку во јуни.

 

– Израел смета дека работата не е завршена и нема причина да не продолжи со акциите, па затоа Иран ја зголемува подготвеноста за следната рунда – изјави Али Ваез, директор на иранскиот проект во Меѓународната кризна група.

Според него, врвот на иранската власт е поделен околу тоа дали треба да продолжи со дипломатски напори за нов нуклеарен договор со САД или да се врати на конфронтација.

Дел од челниците веруваат дека обидите за преговори со администрацијата на Доналд Трамп се залудни.

Поврзани содржини