АКО ИМА МИРОВЕН ДОГОВОР ВО УКРАИНА, ЛОНДОН И ПАРИЗ ЌЕ ПРАТАТ ВОЈСКА Кир Стармер и Макрон ja почнуваат годината со потпис на декларација

Во заедничката изјава се нагласува дека Велика Британија и Франција ќе основаат „воени центри“ низ Украина, кои ќе служат како координативни пунктови и логистички објекти за снабдување со опрема и оружје во рамките на мировните гаранции. Американскиот претставник Стив Виткоф, кој говореше во име на претседателот Доналд Трамп, потврди дека САД ја поддржуваат иницијативата.

1,255

Во Париз денес беше потпишана декларација за намери која може да го промени текот на украинскиот конфликт. На самитот на „Коалицијата на волјата“ британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија дека Велика Британија и Франција би испратиле војска во Украина, но само по потпишување на мировен договор со Русија, потврди Би-Би-Си.

– Важно е да ја започнеме годината вака, рамо до рамо со Украина, за мир. Поблиску сме до таа цел од кога било – изјави Стармер, додавајќи дека „најтешките делови сè уште претстојат“.






Според соопштението на британската влада, „Мултинационалната сила за Украина“ ќе има задача да гарантира безбедност, да го чува украинското небо и море и да го поддржува обновувањето на вооружените сили. Потпишувањето на документот создава правна рамка за идно присуство на француски и британски сили на украинска територија, но само во контекст на постигнат мир.

Во заедничката изјава се нагласува дека Велика Британија и Франција ќе основаат „воени центри“ низ Украина, кои ќе служат како координативни пунктови и логистички објекти за снабдување со опрема и оружје во рамките на мировните гаранции.

Американскиот претставник Стив Виткоф, кој говореше во име на претседателот Доналд Трамп, потврди дека САД ја поддржуваат иницијативата:

– Во негово име сме решени да направиме сè што е можно за да го постигнеме мирот. Безбедносните протоколи се речиси завршени – рече Виткоф, потсетувајќи на разговорите во Берлин и во Мар-а-Лаго во Флорида.

Тој најави дека следниот чекор ќе биде „договор за просперитет“, кој ќе ја дефинира економската соработка меѓу Украина и западните партнери по евентуалниот крај на конфликтот.

 

Поврзани содржини