АКО ИМА ДОКАЗИ, ЌЕ ГИ ГОНИМЕ СИТЕ БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА! Коцевски рече дека Јавното обвинителство ќе формира предмет за сите пријави

Коцевски изјави дека Јавното обвинителство ќе покренува предмети за сите пријави за кои има докази и нема да прави исклучоци.

1,018

Новиот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски вети дека ќе работи транспарентно, отчетно и ефикасно и оцени дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото кое што ѝ треба да биде единствениот орган кој се бори против корупцијата.

Коцевски изјави дека Јавното обвинителство ќе покренува предмети за сите пријави за кои има докази и нема да прави исклучоци.






Тој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието.

Запрашан дали ќе преземе нешто за да се отвори предмет за доцнењето при добивањето на личните документи поради промената на името на државата, новиот главен обвинител не даде конкретни детали, но изјави дека ќе се отвори предмет  за секое обвинение што ќе стигне до обвинителството, дури и по допрен глас и дека нема да има селективност во работата на обвинителството.

– Јавното обвинителство ќе формира предмет за сите пријави, за сите што ќе стигнат до јавниот обвинител и нема да има селекција во однос на евентуалното гонење на сторителите на кривични дела. Верувајте дека за сите, доколку има доволно докази, Јавното обвинителство ќе започне постапка – рече Коцевски.

Поврзани содржини