Ако и „Грижата за нас“ е како „Живот за сите“… НЕ, благодарам!

Како да постои договор помеѓу двете партии со своите настапи да ги одбиваат граѓаните да гласаат за нив! Токму и затоа беше потребна една изборна единица, отворени листи.

1,192

Подготвувајте ги очите и ушите. По изборните конвенции, ќе следат секојдневни партиски бомбардирања на сите сетилата. Билборди, реклами, спотови, химни, песни… а најмногу одбрани изборни пароли, како импресивни фасади позади кои ќе се кријат лажните ветувања. Партиските и личните интереси на на врхушките повторно ќе им бидат во прв план, но стручњаците ќе се обидат да го прикријат тоа преку внимателно одбрани пораки до гласачите.

А, откако и двете големи партии си ги договорија правилата на игра што им одговараат и не дозволија една изборна единица, за да имаат конкуренција, јасно е дека повторно изборот на Македонците е „змија или магаре”. И јасно е дека тој избор нуди безброј нереални ветувања и лажење на гласачите.






Платените демагози ќе не убедуваат дека вистина не е она што го гледаме, туку она што партиските челници ни го кажуваат. Ќе се создава нова реалност каде што луѓето ќе треба повеќе ќе им веруваат на своите уши, отколку на очите. И покрај високиот криминал, корупцијата, непотизмот, сиромаштвото, бедата, зборот на партискиот лидер ќе направи се за да ја фрла масата до дилириум. За жал ова е можно само во економски слаби и политички незрели општества како што е македонското.

СДСМ ни ветува Грижа за сите, нови 100.000 работни места и просечна плата од 600 евра; Ред, дисциплина и правда; Еко држава; НАТО и ЕУ!
Треба ли да им веруваме на искреноста, подготвеноста и способноста да го остварат ова? Ако се „грижат за сите нас”, како што во последните 3 години во Македонија донесоа „живот за сите” – тогаш НЕ!

Македонските гласачи на овие избори ќе бараат и ќе гласаат за промени! Дури и да гласаат за СДСМ ќе бараат промени кај нив: во нови лица, ново однесување, нови политики! СДСМ веќе ги објави имињата на идните пратеници, видовме дека нови лица нема, што значи им остана само ново однесување и нови политики.

Како прво, треба да се извинат што ги изневерија очекувањата на гласачите и досегашниот мандат го преспаа, без да ги остварат ветувањата.

Како второ, не треба да даваат нереални верувања, да не го го лажат народот што ќе направат.
Како трето, да ги засукаат ракавите и навистина нешто да сработат.

ВМРО најавува Обнова на Македонија, но прашање е дали партијата успеа самата да се обнови, пред да ветува тоа да го направи со државата. Потегот, врвот на партијата на 2-3 дена пред објавување на конечната листа на пратеници „да скокне“ до Будимпешта, во јавноста испраќа порака дека се уште командата ја има Груевски.

Како да постои договор помеѓу двете партии со своите настапи да ги одбиваат граѓаните да гласаат за нив! Токму и затоа беше потребна една изборна единица, отворени листи.

Поврзани содржини