📷 АКО ГО ВИДИТЕ ЧОВЕКОВ, ВЕДНАШ ПРИЈАВЕТЕ Полицијата бара помош од граѓаните, објавена е фотографија од пукачот во „Ист Гејт“

Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112, соопшти Министерството за внатрешни работи.

2,898

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави фотографија од лицето кое денеска пукаше и повреди две други лица во просториите на трговскиот центар „Ист Гејт“, па како што е наведено во соопштението, полицијата ги замолува граѓаните да пријават доколку го забележат овој човек.

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112“, се вели во полициското соопштение.






Претходно беше објавено и видео од самиот инцидент.

📽 БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ ВО „ИСТ ГЕЈТ“ ГО СНИМИЈА ПУКАЊЕТО Чекаше да дојдат до ескалаторот за да им пука во грбот

 

Поврзани содржини