„АКО ГО ЧЕПНАТ РУСКИОТ ИМОТ, ЌЕ ГИ ГОНИМЕ ДО КРАЈОТ НА ВЕКОТ“ Медведев одговори на планот на ЕУ да ѝ префрли милијарди на Украина

Според наводите на Ројтерс, целта на иницијативата на ЕУ е да финансира заем за обнова и отпор на Украина со замрзнатите руски имот и средства од почетокот на војната. Станува збор за сума меѓу 300 и 350 милијарди долари во обврзници и хартии од вредност чиј сопственик сега се институции и банки.

1,266

„Ако тоа се случи, Русија ќе ги гони европските дегенерици од Брисел и од поединечни земји членки кои се обидуваат да го одземат нашиот имот, до крајот на векот“.

Вака реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на најавите дека ЕУ ќе да го користи рускиот имот вреден до 350 милијарди долари за да ја финансира Украина.






Веднаш по откривањето на планот на Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен, Русија упати сериозна закана до сите земји што би се дрзнале да располагаат со нејзината замрзната имотна вредност.

Според наводите на Ројтерс, целта на иницијативата на ЕУ е да финансира заем за обнова и отпор на Украина, преку користење на руските депозити во Европската централна банка, поточно средствата од доспеани обврзници.

Русија, чии средства беа блокирани уште во 2022 година откако Владимир Путин ја испрати војската во Украина, тврди дека секоја заплена претставува директен акт на кражба. Станува збор за сума меѓу 300 и 350 милијарди долари во обврзници и хартии од вредност чии најголеми сопственици се европски, британски и американски институции.

„Ќе ги гониме европските држави на сè можни начини, на сите меѓународни и домашни судови, како и вон судовите“, додаде Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Од Москва тврдат дека таквиот потег ќе ја уништи глобалната доверба во западните валути и обврзници, оставајќи последици далеку пошироки од самата војна во Украина.

Поврзани содржини