Ако го јадете ова навечер, повеќе ќe ‘рчите

796

Ако ноќе често се будите поради ‘рчење, помалку солете ја храната, советуваат стручњаците.  Прекумерното внесување сол е една од причините за постојаното и неподносливо ‘рчење, како за луѓето што ‘рчат и така и за оние во неговата непосредна близина.

Помалку солење на храна би можело да помогне да се намали ‘рчењето, ако причината не се крие во нешто друго. Внесувањето сол доведува до зголемување на нивото на течности во организмот.






Кога некое лице лежи и спие, течноста преминува во пределот на вратот, што доведува до стеснување на дишните патишта и отежнато дишење, а со самото тоа и до појава на ‘рчење, објаснуваат бразилските научници. Тие дошле до овој заклучок во една студија во која едната група испитаници секој ден пиела диуретици и следела режимот на исхрана со намалениот внес на сол, додека другата не.

Тие откриле и дека екстремно опасна апнеа во која се прекинува дишењето се јавува поради дневен замор, високиот крвен притисок, проблемите со срцето, но и поради должина на вратот.

Колку што е подолг вратот, толку е поголем ризикот од развој на оваа непријатна состојба, истакнуваат бразилските експерти, со напомена дека треба да се обрне внимание и на дебелината, алкохолизмот и пушењето, пишува „Информер.рс“.

 

Поврзани содржини