АКО ГИ САКАТЕ ПЧЕЛИТЕ, ТИЕ ЌЕ ВИ ВОЗВРАТАТ Атиџе го учеше Штајнмаер за законите на природата
На подарокот од Муратова, Штајнмајер одговори со подарок мед од негово производство од замокот Белви кај Берлин.
Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер кој денеска беше во посета на Старата скопска чаршија, репортира македонскиот Дојче Веле.
– Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат – му ја објасни Атиџе својата врска со пчелите на германскиот претседател.
Штајнмајер денеска во чаршијата се сретна со екипата на „Медена земја”, а со главната протагонистка на филмот, Муратова си разменија мед. На подарокот од Муратова, Штајнмајер одговори со подарок мед од негово производство од замокот Белви кај Берлин. Германскиот и македонскиот претседател Пендаровски во Чаршијата испија чај, јадеа баклава и одржаа дебата со млади луѓе.