Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и добар план направиле.
– Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме и тука да интервенираме во дел на тоа како ќе се организира наставата – додаде Филипче.