АКО Е ОДГОВОРЕН ЗА ОНИШЧЕНКО, ДИМОВСКИ НЕМА ДА БИДЕ АМБАСАДОР Пендаровски на ТВ24 за големиот скандал
Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да нѐ гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи? Ако Димовски е одговорен зa тоа, нема да оди за амбасадор, рече Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски вечерва на ТВ 24 изјави дека скандалот со украинскиот бизнисмен Онишченко е голем удар за агенцијата АНБ, а ако нејзиниот прв човек Виктор Димовски е одговорен за издавањето македонски пасош тогаш тој не би требало да биде амбасадор.
– Станува збор за човек чија биографија ја знаеме кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и групи и не е поврзан само со изборите за претседател во Америка во 2016. Има четири сектори во рамките на АНБ. Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да ја извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да нѐ гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи? Ако Димовски е одговорен зa тоа, нема да оди за амбасадор – рече Пендаровски.