АКО Е ДАНКА ЖИВА, СИН МИ ЌЕ СЕ ИЗВЛЕЧЕ Нова шокантна изјава на таткото на осомничениот Дејан за убиството

Доколку Данка е жива, мојот син ќе се извлече, тоа ќе биде добро за него. Народот зборува сè и сешто, а јас за тоа гледав и некои емисии на Јутјуб, велат дека е жива. Сега не знам зошто изјавил дека ја убил, но …, шокирал Драгијевиќ со својата изјава, додека сè уште се трага за телото на малото девојче.

1,205

Радослав Драгијевиќ (73), таткото на првоосомничениот Дејан (50) во истрагата за убиството на Данка Илиќ, има најнова изјава која ја згрозила јавноста.

– Доколку Данка е жива, мојот син ќе се извлече, тоа ќе биде добро за него. Народот зборува сè и сешто, а јас за тоа гледав и некои емисии на Јутјуб, велат дека е жива. Сега не знам зошто изјавил дека ја убил, но … – шокирал Драгијевиќ, додека сè уште се трага за телото на малата Данка.






Постариот Драгијевиќ објаснува дека некои од комшиите се солидаризираат со него и му испраќаат пари на Дејан во затвор.

– Дејан има пари на картичката, но не може да плаќа со неа во кантината, Затоа една моја сосетка му испрати пари за цигари. Никој не ми кажа како е, но адвокатот ќе го посети во затвор на 7 јули. Би му испратил пари, но во моментов ги немам. Имам многу обврски околу плаќањата, а утре ќе ги одбележам помените на сопругата и синот – раскажал Драгојевиќ.

Како што додава, тој денеска се подготвува за 40-дневен помен на сопругата и на синот.

„Набавив сè, и храна и пијалаци. Морам да ги разместам масите, бидејќи утре ќе бидам дома за да одбележам 40 дена од смртта на Светлана, а и на мојот син Далибор. Некои соседи кои доаѓаат кај мене ми донесоа храна како прилог. А, и јас не сум добар, лошо се чувствувам, сам сум кога ќе се разбудам и нема никој наоколу“, вели Раде и додава:

– Секое утро околу 6 часот одам на гробишта кај синот и сопругата. Таков е обичајот кај нас – да се оди 40 дена секој ден. Потоа доаѓам дома, како некој самотник. Дури ни брат ми не ми се јави откако излегов од затвор, ниту да праша како сум – објаснува Драгијевиќ.

Данка Илиќ (2) беше убиена на 26 март во Бањско Поље. За ова дело осомничени се Драгијевиќ од Злот и неговиот колега од јавното претпријатие „Водовод“, Срѓан Јанковиќ (50). И двајцата се во притвор.

Поврзани содржини