Ако двапати те фатат без маска во САД, ќе платиш казна од 1.500 долари

297

Луѓето кои ќе ја прекршат федералната мерка за задолжително носење на заштитна маска за лице во САД се соочуваат со парична казна од 250 долари, соопшти денеска Управата за безбедност на сообраќајот (ТСА).

Паричната казна може да се зголеми и до 1.500 долари ако лицето повторно ја прекршиле федералната мерка.






Американските авиокомпании се залагаат да се забрани пристап на патниците кои не се придржуваат до правилата, додека Сојузната управа за воздухопловство соопшти дека ќе преземе мерки против сите патници кои го попречуваа летот или ги напаѓаат членовите поради обврската за носење на маска.

Маските се задолжителни и на железничките станици и на аеродромите, како и во автобуси, возови и во авиони.

 

Поврзани содржини