📷 „АКО ДОЈДЕ ПАК, ЈАС ЌЕ ПРЕСУДАМ“ Мајката што го сними насилниот татко алармира дека тој е на слобода

Мајка од Драчево повторно реагираше во јавноста тврдејќи дека таткото кој беше снимен како ја тепа нивната четиригодишна ќерка е на слобода, обвинувајќи ги институциите за неефикасност.

538

Мајка од скопската населба Драчево повторно ја вознемири јавноста откако објави дека таткото кој минатата година беше снимен како физички ја напаѓа нивната четиригодишна ќерка е на слобода, обвинувајќи ги институциите дека не ја заштитиле неа и децата.

Скопјанката Валерија преку објава на социјалните мрежи изрази револт од, како што тврди, одлуката насилниот татко повторно да се движи слободно, додавајќи дека доколку повторно се појави пред нејзината врата „лично ќе пресуди“.






„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала, не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа на Фејсбук.

Таа во објавата тврди и дека од Центарот за социјална работа се обидувале да ги „смират“, и покрај насилството кое, според неа, со години го трпела таа и нејзините деца.

Видео од насилството ја шокираше јавноста

Случајот стана познат во јавноста минатата година кога се појави видео на кое се гледа како таткото физички напаѓа четиригодишно девојче во домот во населбата Драчево.

По објавувањето на снимката, Основното јавно обвинителство покрена постапка против 28-годишниот скопјанец, кој беше приведен и му беше одреден притвор.

Според обвинителството, инцидентот се случил додека мајката подготвувала храна, а девојчето си играло со своите сестри. Кога детето се качило на кревет во дневната соба за да земе играчки, таткото почнал да ја навредува, а потоа и физички да ја напаѓа.

Во наодите се наведува дека тој ѝ удрил повеќе шлаканици по лицето, при што ѝ нанел набиеница на главата и огреботини на лицето, а притоа упатувал и закани дека „ќе ја убие“.

Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со тврдењата на мајката дека од таму се обидувале да ја смират со насилниот сопруг. Од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.

Случајот повторно ја отвори јавната дебата за постапувањето на институциите во случаи на семејно насилство.

📽️ ВИДЕО ОД ТЕПАЊЕТО НА 4-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ГИ ШОКИРА СИТЕ Мајката го снимила нападот, татко заврши зад решетки

ЈА УДИРАЛ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ Четиригодишно девојче претепано од таткото, Обвинителството бара притвор

ТАТКО ЈА ТЕПАЛ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА Приведен 28-годишен скопјанец во Драчево, сопругата го пријавила

Поврзани содржини