АКО ДО 1 ОКТОМВРИ НЕМА УЧЕБНИЦИ ЌЕ ИМА БОЈКОТ Предупредување од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“

Таа информира дека има претставки до Народниот правобранител во однос на тоа да се намалат часовите за време на пандемијата, бидејќи, како што рече, имаат дојави дека на некои ученици им се слошува затоа што нонстоп носат маски.

270

Ќе поднесеме претставки до Антикорупциската комисија и до Народниот правобранител за да утврдат по кои законски прописи се воведе реформата за дигитализација во образованието и оваа концепција, најави  Драгана Спасевска од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Таа информира дека има и претставки и до Народниот правобранител во однос на тоа да се намалат часовите за време на пандемијата, бидејќи, како што рече, имаат дојави дека на некои ученици им се слошува затоа што нонстоп носат маски.






Спасевска предупреди дека доколку до крајот на септември не се обезбедат учебници за сите ученици, тогаш тие од 1 октомври ќе ја бојкотираат наставата, ќе одржуваат протести, но и дека ќе ја блокираат улицата пред Министерството за образование и наука.

– Имавме еднодневен бојкот, што беше предупредувачки и што беше во добар одзив. Ние на самото Министерство му дадовме рок до крајот на септември да обезбедат учебници согласно законот за сите ученици во основното и средното образование, бидејќи според Законот за основно и средно образование што уште е во функција, треба да имаме бесплатно образование, односно комплетно бесплатни учебници треба да добие секој ученик на почетокот на учебната година. Дадовме можност и рок до крајот на септември да се достават учебници до сите ученици, во спротивно од 1 октомври ќе преземеме идни чекори како бојкот на наставата, протести, па и блокирање на улицата пред Министерството за образование и наука сè додека оваа беззаконие се стави во функција на закон и да се почитуваат законите и правата коишто нам како родители не ни се дозволени – рече таа.

 

Поврзани содржини