АКО БЕГАТЕ ОД ВАКЦИНИТЕ ЌЕ ВИ ДОЈДАТ ПРЕД ВРАТА Ќе се посетат околу 3000 семејства кои не ги вакцинирале децата

492

Повеќе од 30 тимови со медицински лица од здравствените домови во државата, одат од врата до врата, односно ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица. Оваа активност е дел од кампањата на Министерството за здравство по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023 што се реализира заедно со Светската здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против ковид-19.






Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.

Кампањата ќе трае пет недели (до крајот на мај) и се планира да бидат посетени над 2.900 семејства.

Во рамки на кампањата, постарите лица над 60 години имаат можност на самото место да примат поливалентна вакцина против ковид-19 како бустер доза.

Поврзани содржини