АКО ЈАС СЕ ПОМИРИВ СО ВЕТЕРАНИТЕ ОД УЧК, ЗОШТО ДА НЕ СЕ ПОМИРАТ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ? Стојанче Ангелов има идеја како да се спречат политичките уцени

Ако јас можев да се помирам со поранешниот командант Абедин Зибери и со другите ветерани од УЧК, тогаш не гледам зошто двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се помират. На тој начин ќе превенираат политички уцени од некоја друга помала политичка партија, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

3,249

Ако јас можев да се помирам со мојот воен непријател од 2001 година и да си подадам рака со поранешниот командант на УЧК, Абедин Зибери, тогаш не гледам зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се помират, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во денешното гостување на ТВ24.

Тој смета дека помирувањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе придонесе за да се превенираат политички уцени од некој помал политички субјект.






– Ако јас можев да се помирам со поранешниот командант Абедин Зибери и со другите ветерани од УЧК, тогаш не гледам зошто двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се помират. На тој начин ќе превенираат политички уцени од некоја друга помала политичка партија – рече Ангелов.

Тој додаде дека новата доктрина и реизборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе „нови ветришта во државата“.

– Се разбира, доколку доктрината која беше најавена на конгресот на партијата не се сведе само на мртви букви на хартија. Се надевам дека искрено ги мислат работите. Исто така, сметам дека новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе донесе нови ветришта во СДСМ. Оптимист сум и сметам дека негативната реторика ќе се намали во следниот период – истакна Ангелов.

Поврзани содржини