AKO ЏАМБАСКИ СЕ ПОЈАВИ НА ГРАНИЦА, ЌЕ ОДЛУЧУВАМЕ ВО МОМЕНТОТ Спасовски вели дека приоритет ќе биде зачувувањето на мирот и на редот

Ќе одлучиме на четврти февруари, одговори Спасовски на новинарското прашање што доколку Џамбаски се појави на границата.

1,076

Доколку бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски се појави на македонската граница на 4 февруари МВР ќе одлучи во истиот момент, уверува министерот Оливер Спасовски.

– Ќе одлучиме на четврти февруари – одговори Спасовски на новинарското прашање што доколку Џамбаски се појави.






– За секоја одлука треба да има и време и момент кога таа ќе биде донесена – додава министерот.

За Спасовски приротите ќе бидат мирот, безбедноста и јавниот ред.

– Приоритет ќе биде да се сочува мирот, безбедноста и јавниот ред ако во Македонија дојде бугарска група која е против македонскиот идентитет на одбележувањето на 4 февруари, денот кога е роден Гоце Делчев – истакна Оливер Спасовски.

Во меѓувреме, Џамбаски најави дека ќе дојде во Скопје на четврти февруари, кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев.

Поврзани содржини