АКО ЈА УРНАТ ВЛАДАТА СО ЛЕВИЦА Пратеникот Реџепи се закани дека ќе ја напушти Алтернатива
Реџепи најави дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкото столче.
Пратеникот Скендер Реџепи Зејди од Алтернатива, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека ако неговата партија одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти, а најверојатно ќе го напушти и пратеничкото столче.
Тој зборуваше и за ВМРО-ДПМНЕ во времето на поранешниот лидер Никола Груевски и за актуелниот Христијан Мицкоски, велејќи дека има разлика меѓу нив, односно дека Мицкоски е подобар, а додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ се менува.
– Се менува на подобро. Има разлика од ВМРО на Груевски. Треба уште време за да биде целосно реформирана партија. Соработката со нив ни изгуби 27.000 гласови и за тоа треба да се побара одговорност во партијата – вели Реџепи.