„ЈАКИТЕ СИГНАЛИ“ ОД САД И ОД ЕУ ГО ПРЕДОМИСЛИЛЕ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ Пратеникот на Беса објасни зошто нема да гласа за недоверба на владата

Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати, напиша на Фејсбук пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

2,229

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во собраниската сала каде што треба да се гласа за недоверба на владата, тукушто се огласи преку својот Фејсбук профил и соопшти дека одлучил да не учествува на седницата на којашто, како што вели, ќе се стави под знак прашалник неговата стратешка национална и државна определба.

„Една од моите поголеми каузи на мојот политички субјект на кој му припаѓам било интеграцијата на земјата во ЕУ. Имајќи го во предвид политичкиот моментум по одложувањето на оставката на премиерот Зоран Заев, за почит на процесите и јаките сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ со кои комуницирам преку високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има големи шанси за почеток на преговорите за членство со ЕУ, одлучив да не учествувам на парламентарната седница каде требаше да се одлучи да се стави под знак прашалник мојата стратешка национална и државна определба. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.






Собраниската седница во моментов е прекината откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара пауза од еден час. Како што претходно соопшти собраниската служба, во салата се присутни само 60 пратеници од опозицијата откако собранискиот спикер Талат Џафери ја напушти седницата, бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, да ја води седницата.

Поврзани содржини