ЈАКИМОВСКИ СЕ ВРАТИ Стевче вети дека во Карпош ќе се игра, ќе се пее
Ви гарантирам дека Карпош повторно ќе го врати сјајот, повторно ќе биде водечка општина, повторно ќе биде насмеан, ќе имаме пак цвеќиња по Партизанска – порача Јакимовски.
Дарго ми е што на крајот на оваа кампања можам да прогласам една прекрасна победа. Со десеткувана партија, со украдени пратеници, омаловажува, притваран, жртва на страшни пропаганди, тргнав во овој поход, но знаев го имам народот позади себе и направиме моќен сојуз и ја испишавме оваа историја, рече новиот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој потенцираше дека уште од самиот старт бил сигурен во победата.
Тој порача дека во наредниот временски период ќе работи уште попосветено и поорганизирано, ќе ги коригираат грешките, како и дека ќе бидат отворени вратите за граѓаните за да ги решаваат нивните проблеми.
– Во оваа кампања се однесувавме витешки, излегував и кажував тоа што ќе правиме, како и кои се решенијата на проблемите на граѓаните и која е визијата за Карпош. За разлика од мене некои го гледаа Карпош четири години наназад, а јас го гледав 30 години напред. Ви гарантирам дека Карпош повторно ќе го врати сјајот, повторно ќе биде водечка општина, повторно ќе биде насмеан, ќе имаме пак цвеќиња по Партизанска – порача Јакимовски.
Тој додаде дека во Карпош ќе се спортува, ќе се игра, ќе се пее и дека ќе има место за сите граѓани од оваа општина.