Јакимовски: Платформата тековно има околу 270.000 корисници
На истата се креирани околу 150 илјади предмети и тековно до сега се имаат најавено околу 160 илјади корисници - вели продеканот на ФИНКИ.
Продеканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски рече дека факултетот ја презеде одговорноста да ја подготви платформата, при што за неполн месец ја постави инфраструктурата којашто е основата за развој на платформата.
– Платформата тековно има околу 270 илјaди корисници, на истата се креирани околу 150 илјади предмети и тековно до сега се имаат најавено околу 160 илјади корисници. Корисничките лозинки беа искреирани и дистрибуирани како за наставниците така и за учениците. Мајкрософт Тимс е делот којшто поактивно ќе се користи во претстојниот период со цел да се одржат онлајн предавањата, а платформата ќе ја ставиме на располагање преку која ќе бидат достапни материјалите како и тестовите и други содржини во електронска форма – рече Јакимовски.