ЈАКИМОВСКИ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД Сите кои бевте со мене во контакт, бидете совесни

Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош! - пишува тој.

1,073

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски е позитивен на коронавирусот.

Информацијата ја соопшти на социјалните мрежи.






– Сакам да ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум позитивен на корона вирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи. Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош! – пишува тој.

Поврзани содржини