АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ ДОБИЕ УЛИЦА ВО ЦЕНТАР Арсовска поднесе иницијатива до Советот

Рахимовски, кој е роден во Ниш, но пораснал во Скопје, беше испратен на последното почивалиште со македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, која му била една од најомилените.

817

Улица во центарот на Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски, пејачот на групата „Парни Ваљак“, кој почина на 22 јануари, најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа.

Како градоначалник на град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на претседателот на Хрватска минатата година, гордо нѐ поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги“, напиша Арсовска на Фесјбук.






Рахимовски вчера беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Рахимовски, кој е роден во Ниш, но пораснал во Скопје, беше испратен на последното почивалиште со македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, која му била една од најомилените.

Поврзани содржини