АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА МОЖАТ СВОИТЕ АКЦИИ ДА ГИ ПРОДАДАТ ДО 10 ОКТОМВРИ Белградска Алта Банка потсетува дека цената на една акција е 3.777 денари

219

Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година.

Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција.






Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи.

„Со цел да обезбедиме усогласеност со регулативата, љубезно Ве молиме да се изјасните во врска со можноста за јавно објавување на наведениот текст во македонските медиуми”, се вели во известувањето.

Поврзани содржини