Акционерите на Комерцијална банка ќе гласаат електронски на претстојното собрание
Банката ова го соопшти преку Македонска берза.
Гласањето на акционерите на комерцијална банка на Собранието на акционери закажано за 2 април ќе се одржи електронски, соопшти Банката преку Македонска берза.
„Во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност и во интерес на почитување нa мерките за спречување на ширењето на COVID-19, Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери, правото на учество и гласање на Собранието на Банката, закажано за 02.04.2020 година, што е можно поскоро да го оставарат со писмена кореспонденција или со електронско гласање, со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание без физичко присуство на акционерите. Детални инструкции за ваквиот начин на гласање и учество во работата на Собранието се достапни на веб-страницата на Банката www.kb.com.mk. За дополнителни информации може да поставите прашање по електронски пат на [email protected] или на следните телефонски броеви (02)3168222 или (02)3168232“, соопшти Банката.
На оваа седница покрај годишните финансиски извештаи на банката на дневен ред е и именувањето на членови на Надзорниот одбор односно изгласување на уште еден мандат на сегашниот Надзорен одбор на банката: Сава Димитрова – независен член, Таки Фити – член, Александра Максимовска Стојкова – независен член, Сашо Наумоски – член, Горан Антевски – член, Ванчо Чифлиганец – член и Фатмир Етеми – член.