Филмот „Матрикс 4“ (The Matrix Resurrections)конечно го доби својот прв тизер трејлер. Имено, според првите снимки, гледаме дека ќе има многу акција, како и во претходните делови.
Засега не е познато за што се работи во новото остварување. Познато е дека во ова продолжение ќе го видиме стариот тим, предводен од Кијану Ривс, кој го толкува ликот на Нео, како и актерката Кери Ен Мос, која го толкува ликот на Тринити.
Во филмот „Матрикс 4“ играат и Џејда Пинкет Смит, како Ниобе, Ламберт Вилсон, како Меровингјан, како и Даниел Бернхард како агентот Џонсон.
Режисер на овој филм е Лана Вачковски. Филмот треба да се прикаже во кината на крајот на годината, од 22 декември 2021 година.
До тогаш, погледнете го тизер трејлерот:
ФОТО: Принтскрин