АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ЧАИР Граѓаните може да го одложат отпадот на 4 локации

379

ЈП Комунална хигиена Скопје од денеска до 01.09.2024 година ќе реализира акција за собирање кабаст отпад во општина Чаир.

Жителите на оваа скопска општина во наведениот период ќе можат да го одложат својот стар неупотреблив мебел и покуќнина во специјалните садови поставени на следните локации: раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ, улицата Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север, улицата Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон) и кај раскрсницата меѓу Дижонска и Втора македонска бригада (кај контејнерите).

 

Поврзани содржини