АКЦИЈА ПО ТВРДЕЊЕТО ДЕКА ЕПСТИН НАРЕДИЛ ДА СЕ ЗАКОПААТ ТЕЛАТА НА ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА Претрес на неговиот поранешен ранч во Ново Мексико
Властите постапуваат врз основа на нови информации содржани во документите што во јануари ги објави американското Министерство за правда, дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин наредил телата на две девојчиња да бидат закопани во ридовите во близина на имотот во Ново Мексико.
Истражители во американската сојузна држава Ново Мексико почнаа претрес на поранешниот ранч на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, за каде покојниот финансиер и негови соработници беа обвинувани за сексуална злоупотреба на жени и на девојчиња, соопштија државните власти.
Медиумите посочуваат дека властите постапуваат врз основа на нови информации содржани во документите што во јануари ги објави американското Министерство за правда, меѓу кои е и тврдењето дека Епстин наредил телата на две девојчиња да бидат закопани во ридовите во близина на имотот.
Според очевидци, во претресот се користат и специјално обучени кучиња, а забележани се и припадници на државната полиција и возило на противпожарно-спасувачка служба.
Минатиот месец Ново Мексико стана првата американска држава што формираше законодавна Комисија за вистина, со цел да се испита можна јавна корупција што му овозможила на Епстин тајно да дејствува на ранчот цели 26 години.
Имотот на Епстин беше продаден во 2023 година на бизнисменот од Тексас, Дон Хафинс, кој го преименува во ранч „Сан Рафаел“. Новите сопственици соработуваат со истрагата и дозволиле пристап за претрес, соопшти Министерството.