АКАДЕМИЈАТА САКАЛА ДА ГО ИСФРЛИ ВИЛ СМИТ ОД ОСКАРИТЕ Актерот одбил да замине

Првите постапки против Вил Смит, кој го освои Оскарот за најдобра главна машка улога, би можеле да бидат покренати уште на следниот состанок на Одборот.

1,254

Откако во понеделникот започна истрага за инцидентот на овогодинешното доделување на Оскарите, Академијата за филмски уметности и науки го објави своето прво соопштение.

Членовите на Академијата тврдат дека Вил Смит (53) бил замолен да ја напушти церемонијата по нападот на Крис Рок (57), но дека тој одбил да го стори тоа, пишува Би-би-си.






„Го замоливме господинот Смит да ја напушти церемонијата, но тој одби. Признаваме дека можевме на друг начин да ја решиме ситуацијата“, пишува во соопштението на Академијата. Велат дека против актерот покренале дисциплинска постапка бидејќи ги прекршил стандардните правила на однесување на Академијата. Тие вклучуваат несоодветен физички контакт, закани и нарушување на угледот на Академијата.

Првите постапки против Вил Смит, кој го освои Оскарот за најдобра главна машка улога, би можеле да бидат покренати уште на следниот состанок на Одборот на Академијата, закажан за 18 април 2022 година. Вил Смит може да се соочи со суспензија, исфрлање и други санкции, велат тие.

Вил Смит по инцидентот откако го удри Крис Рок на сцената на доделувањето на Оскарите, освен на социјалните мрежи, и јавно му се извини на Крис Рок, но и на номинираните, гостите и другата публика.

Поврзани содржини