ЈАК ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЗАПАДНА ТУРЦИЈА Сеизмолозите регистрираа потрес од 6,1 степени, се тресеше и во Истанбул
Јак потрес во западна Турција предизвика загриженост, надлежните ги преземаат првичните мерки.
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на околу 52 километри од градот Баликесир. Јаката потресна активност била почувствувана не само во Баликесир, туку и во Истанбул, како и во поширокиот регион на Мармара и Егејското крајбрежје.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните служби се на терен и ја следат состојбата. Жителите на погодените подрачја се советуваат да останат смирени и да ги следат упатствата од цивилната заштита.