📽️ АИТОНИКС ОДБЕЛЕЖА 25 ГОДИНИ УСПЕХ НА ИТ ПАЗАРОТ Компанијата е препознатлива по експертизата во специјализирани софтверски решенија
Компанијата соопшти дека ја гледа иднината во понатамошно проширување на своето регионално присуство и развој на решенија што ќе им помогнат на клиентите да ја искористат моќта на технологијата за својот успех, како и во уште поголем придонес кон бизнисот, технологиите, општеството и заедницата.
АИТОНИКС, една од водечките ИТ компании во Македонија, прослави 25 години од своето основање на свечен настан во Скопје.
Основана во 2000 година од сегашниот генерален директор Јордан Димитровски, АИТОНИКС денес е една од најголемите компании за ИТ-дистрибуција и развој на софтвер во Македонија, која воедно со тоа ја прошири својата дејност и на пазарите во Бугарија и Србија.
АИТОНИКС е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови како Acer, Acronis, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, NJoy, Philips и Xerox. Покрај дистрибуцијата на ИТ производи, компанијата е препознатлива и по долгогодишната експертиза во развојот на специјализирани софтверски решенија.
На настанот беа присутни бројни гости – партнери, клиенти, претставници на меѓународната заедница и соработници на компанијата.
– Да се одбележи 25-годишнина на компанија што си ја создал на само 20-годишна возраст, за мене претставува огромна лична гордост. Сакам да упатам искрена благодарност до сите наши меѓународни и локални партнери за довербата низ годините, до нашите клиенти што постојано нè мотивираат и секако до нашиот тим – до колегите кои секојдневно вложуваат дел од себе и ја движат компанијата напред – изјави Јордан Димитровски, генерален директор на АИТОНИКС.
Честитки упатија и дел од присутните партнери:
– Со АИТОНИКС соработуваме долги години и во нив секогаш сме препознавале стабилен партнер, посветен на заедничкиот успех. Инспиративно е да се гледа како една компанија расте и се развива, станувајќи пример дека со текот на годините, мала фирма може да се претвори во еден од најсериозните играчи на ИТ пазарот – изјави Магдалена Гамишева, Менаџер за односи со клиенти во Lenovo.
Сашо Тасевски, директор за специјализиран претпродажен тим, CEEMETA во Dell Technologies, изјави:
– За да бидеш дистрибутер на Dell Technologies потребна е огромна техничка експертиза, постојано усовршување и посветеност. Среќен сум што имаме таков партнер во Македонија во лицето на АИТОНИКС.
Од своја страна, Мислав Јагуниќ, менаџер за бизнис развој во Acer, изјави:
– Среќна годишнина АИТОНИКС! Acer беше еден од првите светски докажани ИТ брендови, кој го препозна вашиот потенцијал и со задоволство можам да кажам дека и денес останувате партнер кој целосно е посветен на заедничкиот успех.
На настанот присуствуваше и г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, кој исто ја поздрави компаниајта:
– Го честитам овој значаен јубилеј на АИТОНИКС и им посакувам уште долги години успешно работење, нови достигнувања и секако уште поголем придонес кон бизнисот и општеството.
По 25 години континуиран раст, АИТОНИКС, најави дека ќе продолжи да инвестира во квалитетни технолошки решенија, иновации и експертиза.
Компанијата соопшти дека ја гледа иднината во понатамошно проширување на своето регионално присуство и развој на решенија што ќе им помогнат на клиентите да ја искористат моќта на технологијата за својот успех, како и во уште поголем придонес кон бизнисот, технологиите, општеството и заедницата.