АИТОНИКС ДОДАДЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ ВО ПОРТФОЛИОТО Компанијата ја проширува соработката со Philips
Воведувањето на новата категорија на производи од сегментот на паметни домашни апарати ќе ни овозможи да ја унапредиме понудата на пазарот, создавајќи дополнителна разновидност, како и нови можности за раст, изјави Робертино Христов, Product Manager за Philips во АИТОНИКС.
Македонската ИКТ компанија за дистрибуција и развој на софтверски решенија АИТОНИКС АД го објави проширувањето на своето партнерство со брендот Philips.
„Партнерството веќе ќе вклучува и широка гама на производи од сегментот ‘Паметни уреди за домот”, велат од компаниjaта.
АИТОНИКС соопшти дека „Philips e компанија позната со богатата историја на иновации и е докажан светски бренд кој обезбедува супериорни технологии на пазарот со постојан фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и иновациите со оперативната совршеност и флексибилност, Philips нуди висококвалитетни, паметни уреди за домот кои се лесни за употреба и со софистициран стил“.
Досега, соработката на двете компании на македонскиот пазар го покриваше делот производи од категоријата „Tелевизори и монитори”, со кои, како што се вели во соопштението, биле постигнати високи резултати.
– По успехот, постигнат во досегашната соработка со Philips, ова проширување на нашето партнерство е следниот логичен чекор во взаемната стратегија за претставување на достапни иновации на македонските корисници. Воведувањето на новата категорија на производи од сегментот на паметни домашни апарати ќе ни овозможи да ја унапредиме понудата на пазарот, создавајќи дополнителна разновидност, како и нови можности за раст – изјави Робертино Христов, Product Manager за Philips во АИТОНИКС.
Борис Манов, Key Account Manager за Philips, откри на што, според него, се должи успехот на Philips:
– Успехот на Philips се должи како на визијата во разработката на паметни решенија за домот, така и во градењето на успешна стратегија и успешни партнерства со компании, кои исто така имаат визија, капацитет и know how во дистрибуцијата на овој тип на производи. Во лицето на АИТОНИКС имаме партнер, со кој сме сигурни дека ќе продолжиме да градиме успешна приказна.
Деталната понуда на АИТОНИКС како дистрибутер на паметни домашни апарати од брендот Philips ќе вклучува airfryer уреди, кои, како што велат од компанијата, „го забрзуваат, а воедно со тоа и го прават поздраво готвењето во домашни услови, правосмукалки, еспресо машини, генератори и пегли на пареа, како и серија од паметни производи, наменети за домашни миленици“.
Компанијата за производите на Philips вели дека се одликуваат со иновации и адаптивност кон потребите на модерните домови.
„Нивната функционалност и врвна технологија се клучна предност, но воедно со тоа компанијата работи и според принципите на циркуларната економија, рециклирајќи повеќе и користејќи помалку нови ресурси. Сето ова го постигнува преку продолжување на животниот век на производите, користење рециклирани и биоразградливи материјали и олеснување на рециклирањето. Со што, активно го намалува негативното влијание врз планетата и работи за подобра иднина“, соопшти АИТОНИКС.