Аирлија да ни е медијаторот Рама!

Се сети на нас и парадерот Џозеф, кој во 2001 година кружеше со хеликоптерот по Македонското небо и од ѕвездите ни ја читаше нашата судбина... Загрижен... на повеќе наврати ни се јавува и ни порачува – „Ни случајно да не гледате кон Исток! Да гледате кон САД!“. А ние сиротите гледајќи натаму, оќоревме!

1,439

Ај! –  Кој уште не дојде?, кој сѐ не се најави, да нѐ потапка по рамо за божемна „посилна заедничка соработка…“? Нѐ удостоија лицемери од ширум Западот, и сега некои се токмат… за да ни вршат притисок да го смениме Уставот, како што нѐ присилија да го смениме името… Сите тие политичари, поткачени на говорница со зборовите кои ги упатуваат на нас, си го заработуваат лебот, крадејќи го нашиот; и не само кај нас, туку и во Европа и светот со закани и лаги сакаат да воспостават „нов светски поредок“, а тоа е – дезинтегрирани општества – дивјаштво, кое со рикање го наметнуваат и одржуваат. Чаре? – Никогаш не треба да работиме против себе за да удоволиме на Западот! Само така ќе останеме свои и на своето!

Се сети на нас и парадерот Џозеф, кој во 2001 година кружеше со хеликоптерот по Македонското небо и од ѕвездите ни ја читаше нашата судбина… Загрижен… на повеќе наврати ни се јавува и ни порачува – „Ни случајно да не гледате кон Исток! Да гледате кон САД!“. А ние сиротите гледајќи натаму, оќоревме!






Ни дојде на визита и комшијата Рама, на инспекција, како официјален Медијатор на големоалбанската агенда, на релација: Тирана – Приштина – Скопје.

Со политичка несмасност, на заедничка седница на Владите?!, се обиде, директно мешајќи се во внатрешните работи на државата,  со глас на фактор,  да нѐ насочи да го отвориме Уставот… Да тарашкаат во него тие – Вртикапите по тендери, министерски и раководни места… што му беа на поклонение и добија стручни совети од него како да се напикаат… Во  спротивно – „неотворањето на Уставот, за кое се залага злобата, кусогледоста, божемниот патриотизам, може да бидат причина за меѓусебни поделби и проблеми во државата“!!! Со такви зборови ни одржа слово Медијаторот и го образложи својот добронамерен став и препорака, односно заканување.

Ни се пофали и дека е пример, што без совест испреврти една цела вистина, внесувајќи ги Бугарите кои ги нема во Албанија, во Уставот на државата, директно игнорирајќи ги, дури и одобрувајќи асимилација на бројните Македонци кои живеат, нај повеќе, на своето отцепено парче македонска земја и припоено кон Албанија. Тој направи равенка, како да е исто што ги внел Бугарите како малцинство во Уставот на Албанија, а од нас се бара (тоа го знае), изречно, да бидат внесени во нашиот Устав како конститутивен народ, кое нешто, по однос на македонската држава и македонскиот народ е со далекусежни штетни последици, а добредојдени за неговата окупациска Тиранска платформа, која бидејќи е наменета за нас, како да е дома, ја спроведува кај нас.

Воедно, му даде поткрепа на реченото од Намесникот, дека – „Ставот за уставните измени не е одлука на Владата, туку на народот.“ Каква лага од Натрапникот кој нема излезено на избори и добиено поткрепа од народот со програма во која е предвидено сменување на Уставот!  Брбори иако знае дека нема НАРОД позади себе во чие име би можел да се јавува и да го поганува. Готов да се пазари со секого и да ја дава во залог државата со сѐ македонскиот народ, како да е негово сопственост, им ги прифаќа сите барања не само на Бугарите туку и на домашните Албанци кои покажуваат отворен непријателски став спрема македонската држава и Македонците, грижејќи се само за „унапредување на правата на Албанците“, а во најново време, во име на „демократијата и владеењето на правото“ ГО условуваат со – Ревизија од Меѓународен  фактор, на правосилните пресуди „Монструм“, „Диво Насеље“ и други, со наводен сомнеж дека „врз нив било вршено политичко влијание.“ Намесникот, стравувајќи дан’ ја рушат коалицијата, и да му ја тргнат фотелјата од под газот, се однесува како дародајка –  кој ГА, тој НА!

Како знак на почит за извршената Ревизија и укажаната поткрепа со совети како да продолжи на патот кон Европа, Намесникот му подари на Рама црвен  дрес…!, А, не кажа дека Рама како координатор на Тиранската платформа  и нејзин надзорник во спроведувањето кај нас, и НОВО – Медијатор за интегрирање на албанските партии кај нас, во Власта, кое нешто е за осуда, по службена должност, на него му подари црвени ткаени гаќи со црниот раскрилен орел извезен над патлакот, кој ќе го личее и ќе му го штити… и појак и поиздржлив ќе му го прајт, во евроинтегративниот пат. И свилен учкур нежно окачен на птичјиот клун, – подолг… по потреба да го потстегнува или олабавува… што би се рекло – комотен да управува со него како Премиер кога ги собира и распоредува своите и боклуците од коалиционите, посебно тазе  присобраните од сиротата Алијанса де!, која до вчера му газеше на опашката, а во моментот чека да се испразни… и така нејзиниот придонес за посилна Влада на патот кон европската интеграција, спакуван и одобрен од Рама и „преку неговиот авторитет од Западот“, додаден на големиот куп, одеднаш, ако им успее, да го истурат врз народот кој го третираат како нивни ѓериз…

Тоа е, и таа е нашата вистина!, затоа што разбојници уличари се кондисале во власта. Земјава ја има зафатено епидемија од намножени Кртови кои отворија многу дупки по изриеното македонско ткиво, и ги шират и множат подземните ходници подривајќи го тлото на македонската држава, која тоне како излокана, во организиран распад.

Со намера што повеќе да се расцепка македонското ткиво,   Македонците од Реканскиот и Мавровскиот крај, со муслиманска вероисповед,  кои се нераскинлив дел од македонскиот народ, НЕКОЈ се труди да ги запишат во Уставот како „Торбеши“,  кој збор не означува ни народ ни нација, ни племе, бидејќи не се ни тоа, а згора на сѐ, тој збор е навредлив. Се сеќавам на поетот од Река чие име го заборавив, како на еден дамнешен телевизиски настап со возбуда ја рецитираше својата творба – Не викајте ме Торбеш…!

Се јави и Отпадникот кој на времето, како фактор, отворено се заложи за размена на луѓе и територии (чии?), меѓу Албанците и Македонците, како да се негово сопственост. Му пишав јас колумна (19.04.2003 година), и му кажав…. – „Ѕидот кој го предлагаш (зар е можно?), крени го околу себе и соѕидај се самиот… а тие другите… нека се угледаат на твојата могила – нека се наредат како живи камења, до, и околу тебе… Белким, белким, ќе има некое друго чаре и спас за нас Македонците, но, без вас, предавниците!“. Ако тогаш не беше, денеска е јасна намерата… Овој бугарски политички намесник во Македонија, откако материјално и духовно го опљачка народот и отворено се засолни во бугарските прегратки, сега како новојавен историчар, за полесно да ни дишат Бугарите во врат, во залог го дава Скопје, како град кој во Втората светска војната е од нив ослободен?, како окупатори! Ете така – ем окупатори, ем ослободители!

Е, мој народе! Дочекавме и примерок од човеколики изрод, сведен на Гадинка, кој ни го донесе најголемото зло – бришење на идентитетот на македонскиот народ и со одземање на името распад на државата Македонија, откако нѐ продаде и наплати, сега, да ликува со многуслојната трагедија која ни ја нанесе. На неговиот предавнички пример, сега, наводно, станал и експерт за меѓународни договори, потпишувајќи се како автор на писание кое друг му го напишал, исто како што како Зевзек, ама дрчен за пари и за власт, се потпиша на Преспанскиот и Бугарскиот договор, без да прочита и без умствена можност да просуди и сфати, што напишале творците во нив.

Ако потрае уште некое време и оваа злочинечка дружина во континуитет кондисана во власта да нѐ уништува, ќе останеме без држава, не само во политичка смисла, туку, земјата ќе ни ја приграбат и поделат… со сѐ нас! И тоа, запаметете! – во име на подметнатиот, лажен интегративен пат…!

Не дај  Боже, предавниците преправени како сестрани творци – експерти за трагедии, да ни напишат и нова експертиза – „Како ја снема Македонија“.

Поврзани содржини