ТАВ Аеродроми го најави влегувањето на нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, водечката авиокомпанија на Балтикот, латвиската авиокомпанија airBaltic и воведувањето на нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, на релација Скопје–Рига–Скопје.
Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Латвија, два пати неделно, од 3 мај 2024 до 30 септември, 2024.
– Воведувањето нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.