ИЛОН МАСК РАСКИНА СО ДЕВОЈКА МУ Имал уште две жени претходно, а вкупно шест деца

Со првата жена Маск имал пет деца, а ја оставил за многу помлада бритснка актерка која станала негова втора жена. Со Талула Маск се венчал во 2010 година, но бракот траел само две години. Потоа пробале пак во 2013 година, а бракот траел само три години. Потоа ја сретнал Грајмс. Со Грајмс беа во тригодишна врска и го добија синот X Æ A-Xii.

2,595

Илон Маск по три години конечно раскина со Грајмс – неговата девојка и мајка на неговиот едногодишен син со чудно име, X Æ A-Xii, пишува Индекс, иако сè уште се во добри односи. Илон зад себе има три неуспешни брака, но со две сопруги. Од 2000 до 2008 година, тој беше во брак со Џастин Маск, а подоцна двапати се ожени со Талула Рајли.

Ги оставил жената и петте деца за млада британска актерка






„Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека се верил со прекрасната британска актерка Талула Рајли, која тогаш беше во своите рани дваесетти години и која заради него се преселила во Лос Анџелес. Тогаш мислев дека мојот живот со тој човек се претвори во клише“, неговата прва жена Џастин.

Со втората жена, Талула, Маск се венчал во 2010 година, но бракот траел само две години. Потоа пробале пак во 2013 година, а бракот траел само три години.

Темната страна на милијардерот

Маск и Џастин се запознале додека тој бил студент. Иако таа била со него во сите подеми и падови, тој ја напушти. Поради договорот што го потпишаа по венчавката, Џастин изгуби сè што стекнала во бракот.

– Ми рече дека треба да одиме кај адвокат за да ни помогне со финансискиот договор на кој инсистираше неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, тој рече дека тоа не е предбрачен договор – рече тогаш Џастин.

За бракот најдобро да не се зборува

Се смета дека во договорот било наведено дека по разводот таа ќе ја поседува семејната вила во Лос Анџелес, која подоцна би ја наследиле нејзините деца, дека ќе се откаже од брачниот имот преку развод и дека и двајцата не треба да споменуваат ништо што кажале за време на бракот или што направиле на суд.

– Се потпишав затоа што слепо му верував. Зошто да се омажам ако не му верувам? Ние бевме сродни души. Верував дека никогаш нема да се разведеме. Животот без него ми беше незамислив – рече Џастин.

„Се претворив во трофејна плавуша – и бев лоша во тоа“

Џастин тврди дека Илон се променил со текот на годините и почнал да бара сè повеќе работи од неа. Тој ја натерал да биде, како што таа изјави, трофеј-плавуша. Тој сакал таа да ја шатира косата, да посветува повеќе време на својот изглед и секогаш да се смее додека сите околу него зборуваат за политика.

– Не можев да се препознаам. Се претворив во трофејна жена – и бев лоша во тоа. Не бев доволно сконцентрирана на деталите за да ја одржам совршената куќа или да бидам совршена домаќинка. Не можев да ја сокријам досадата кога мажите зборуваа, a жените се насмевнуваа. Не бев заинтересирана да правам ботокс, да се шминкам или да ги кријам лузните од царскиот рез. Без разлика што му укажував на тоа, Илон ме тераше да станам русокоса “, признала Џастин.

Поврзани содржини