Имаше дебата од сите политички партии, а ставот е дека сите сме загрижени за ситуацијата, а за нас здравјето на граѓаните е пред сѐ Треба сите да бидеме во целосна комуникација со здравствените иннституции и да има и да има консензус за датум за изборите, а здравјето на граѓаните да е пред сѐ. Многу е битно во ова сите да сме одговорни – изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ по средбата кај претедателот Пендаровски.
Тој додаде дека се свесни дека државата е без Собрание и со техничка Влада, но ова е пред сѐ опасен вирус и сите треба да бидеме одговорни, а битно е ситуацијата да не се партизира и политизира за политички цели.
Во врска со тоа како гледа на тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој не го свикува Собранието во оваа ситуација, Ахмети потенцира дека првиот човек на парламентот го почитува и не го прекршува Уставот и е во комуникација со правни и уставни експери.
А за тоа што на 24. месецов е празникот Бајрам и најавите дека, без разлика на одлуката дали ќе има 24 часовен карантин, џамиите ќе бидат отворени, ставот на Ахмети е дека многу е битно да се слушаат дирекциите и мерките издадени од здравствените институции.