Ахмети токми големо изненадување на 5 јуни

Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје.

7,631

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5 јуни, на роденденот на партијата.

– На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер – рече вчера Ахмети во Липково.






Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје.

Интегративците вчера во Липково ја почнаа постапката за избор на кандидати за градоначалници и за советници за локални избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври.

ДИУ веќе половина месец го најавува изненадувањето преку билборди во зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Слично на ова, во пресрет на парламентарните избори лани, ДУИ преку билборди со слоганот „Зошто не“ го најавуваше предлогот за прв премиер Албанец.

Инаку Еркан Арифи, актуелниот градоначалник на Липково, ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина.

Тоа го објави вчера Ахмети кој потврди дека до Генералниот совет на партијата ќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково.

Поврзани содржини