Ахмети со видео порака до албанската дијаспора за пописот: Повеќе сме кога сме заедно

Дијаспората преку пописот ќе биде голем и директен придонесувач за растот на бројот на Албанците во Република Северна Македонија.

2,995

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети преку Фејсбук ја повика албанската дијаспора масовно да одговори на пописот, бидејќи како што вели, „Повеќе сме кога сме заедно“.

Тој преку видео порака вели дека колку повеќе Албанци од дијаспората се попишат, толку посилни ќе бидат.






Ахмети ја повика дијаспората да го дистрибуира неговиот апел до секој иселеник кој сè уште не се попишал.

Тој во видеото истакнува пет причини зошто треба да се попишат:

Попишувањето на дијаспората има важна улога во спроведувањето на многу развојни политики во Република Северна Македонија.

Дијаспората преку пописот ќе биде голем и директен придонесувач за растот на бројот на Албанците во Република Северна Македонија.

Учествувајте и придонесете за уште поголемо зголемување на застапеноста на Албанците во државните институции.

Колку повеќе попишани Албанци, толку повеќе се зголемува застапеноста, се вели во видеото постирано од Ахмети.

 

 

Поврзани содржини