Ахмети прогласи победа на изборите: Орелот се врати, освоивме 100.000 гласови

668

Со аплауз и извици Али Ахмети, ДУИ ја прослави победата на предвремените парламентарни избори од штабот во Мала Речица. Лидерот на ДУИ прогласи победа во сите изборни единици. Ахмети на прес конференцијата не се обрати на македонски јазик. По објавата на победата на ДУИ, многу од присутните активисти и членови се втурнаа да направат селфи со Ахмети.

– Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Ние обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден 13-ти. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа – истакна Али Ахмети пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.






Според него, ДУИ има најдобри резултати во изборните единици 1, 2, 5 и 6

Победата се славеше со тапани и ора во штабот на интегративците.

Поврзани содржини