АХМЕТИ ПОВИКА НА ВАКЦИНАЦИЈА Секој ден добивам кобни вести од најблискиот круг

Лидерот на ДУИ информира дека во последните 24 часа, од ковид-19 починал братот на неговиот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка, како и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.

1,033

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и во исто време изрази искрено сочувство до семејствата на починатите од ковид-19.

Ахмети во оваа прилика напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од месец мај оваа година бидејќи тоа е единствениот начин преку кој можеме да се справиме со овој смртоносен вирус ковид-19.






Претседателот на ДУИ Ахмети, исто така рече дека веќе секој ден добиваме кобни вести и тоа од нашиот најблизок круг. Тој информира дека во последните 24 часа, од ковид-19 починал братот на неговиот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка, како и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.

– Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат исто така. Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се! – напиша Ахмети.

Поврзани содржини