АХМЕТИ ПОСАКУВА УСПЕШНИ ИЗБОРИ Лидерот на ДУИ се надева дека резултатите ќе бидат прифатени од сите
Лидерот на ДУИ посака мирен и демократски изборен процес до неговото целосно завршување. Според него, ова ќе биде најголемата победа што ќе ја докаже демократската зрелост на земјата.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, (ДУИ) Али Ахмети денеска го искористи своето право на глас на Локалните избори 2021 година, во неговото родно место во селото Зајас во општина Кичево.
Лидерот на ДУИ посака мирен и демократски изборен процес до неговото целосно завршување. Според него, ова ќе биде најголемата победа што ќе ја докаже демократската зрелост на земјата.
– Како и обично, првата желба е изборите да поминат според сите стандарди, бидејќи слободните избори се одраз на нивото на демократија во една земја, на остварувањето на демократијата, иако сите ние инвестиравме во високи стандарди за ова ниво да се подигне и се надевам дека граѓаните ќе се определат за најдобрата визија, за најдобрата програма бидејќи и визијата и програмата се во корист на сите граѓани. Се надевам на успешно завршување на процесот, на прифатлив процес за сите страни кои учествуваат во изборниот процес – рече Ахмети по гласањето.
Тој смета дека изборната кампања се одржала според сите демократски стандарди, се заблагодари на граѓаните за поддршката и за слушањето на програмската понуда на ДУИ во секоја општина.
На овие локални избори ДУИ учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за општински советници.