„АХМЕТИ НЕ ГО ПУШТА САМ КОВАЧЕВСКИ, МИЦКОСКИ ДА ИЗБЕРЕ СО КОГО ЌЕ ДОЈДЕ“ Уште не закажана, лидерската средба ги скара партиите

1,515

Ќе има или не деновиве лидерска средба и кој ќе присуствува на неа? Ова прашање и денеска бранува партиски реакции, но прецизни информации нема ниту од СДСМ, ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

„Премиерот Ковачевски не го пуштаат сам да оди на лидерска средба поради две причини. Првата е зошто Али Ахмети не му дава и се чувствува запоставен, втората е зошто раководството на СДС нема доверба во Ковачевски“, се наведува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека досега не добиле официјална покана за лидерска средба, освен изјавите што ги слушнале преку медиумите.

„Апелираме СДС да не се однесува детски и недораснато“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова на барање да даде став за мислењето на Мицкоски лидерската да биде тет-а-тет, одговори:

– Мицкоски е поканет на сериозна средба, многу важна за иднината на државата. Тоа не се приватни средби и ние не сакаме да се мешаме во внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ доколку Мицкоски нема доверба во сопственото раководство. Оставаме на Мицкоски да избере дали ќе дојде сам или со некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки во своето гостување во емисијата 360 степени синоќа рече дека потребно е да има лидерска средба од која ќе има некаков заклучок, а не лидерска само за ПР.

– Искуството мое покажува дека во таков широк формат не лидерска туку тимска средба, ајде така да ја наречеме, никогаш не се носеле заклучоци, тоа е повеќе ПР егзибиција. Поминати неколку часа внатре разговори на ова или онаа тема, да излеземе да дадеме изјава, да кажеме што се договоривме. Ние ќе кажеме ништо не се договоривме и практично освен еден дополнителен спектакал за јавноста воопшто ништо нема да значи таа лидерска средба. Јас, напротив, ценам дека во овие моменти кои што се суштински за државата е потребно после таква лидерска средба да излеземе со некаков заклучок – рече тој и додаде дека ако има лидерска средба без суштина, без заклучок, тогаш подобро е и да ја нема.

АКО ПЛАНИРА ПРЕМИЕРОТ ПАК ДА ЧИТА ОД ЛИВЧЕ, ТОГАШ ИЧ ДА НЕ СВИКУВАМЕ ЛИДЕРСКА Мицкоски сака влада со широко македонско национално единство

 

ИНТЕГРАЦИЈА ИЛИ ИЗОЛАЦИЈА КАКО ОД 2006 ДО 2016 ГОДИНА Премиерот вели дека ја доставил поканата за лидерска средба до Мицкоски

 

Поврзани содржини